Еднаш како една од најпопуларните, и според многумина и една од најубавите двојки, која успеа да се спротивстави на сите искушенија, на прашањето која е тајната на успешниот брак, Драган изјави:
– Кога две лица кои се успешни во работата, се разбира, постојат и оние кои ќе ви завидуваат, но кога станува збор за бракот на јавните личности, мојот совет до колегите кои се во слична ситуација е: Бидете попаметни од озборувањата и едноставно живејте го својот живот.
Бидејќи немаа деца, тој за родителството коментираше вака:
– Да се биде родител е едно искуство и нешто што на секое живо суштество му е потребно за создавање на еден вид. Мислам дека тоа што ние немаме деца е голем недостаток, а не маана, но тоа е едноставно така, и уште повеќе не зближи. Ова ни дава можност да ги гледаме сите деца како свои. Ја имаме нашата мала внука Ива, која има пет и пол години. Таа ни даде се што немавме, и околу неа се врти целиот наш свет – изјави Драган своевремено за „Стори“.
Од друга страна, Милена кажа:
– Драган и јас немаме деца, но целиот наш живот сме семејство. Како што сме поврзани со нашите семејства отсекогаш. И двајцата ја обожаваме нашата внука, внука на мојот брат и двајцата се грижиме за најблиските – рече таа.
„ Се запознавме во 1969 година. Тоа беше на снимањето на филмот „Хороскоп“ во 1969 година. Таа веќе беше популарна, а јас речиси почетник, и тогаш првпат ја видов во живо. Тоа беше голема дружба, од која произлезе и љубов“, раскажа неколку години пред да почине Драган Николиќ.
Тој додаде дека со Милена се венчал две години подоцна, додека снимале еден телевизиски филм.
„ Се земавме симболично, во пауза меѓу две снимања. Замоливме да имаме еден слободен час, и отидовме во општина да склучиме брак. Потоа се вративме на работа и продолживме да снимаме како ништо да не било. Немаме ниту една фотографија од венчавката“, раскажал Николиќ кој почина во март во 2016 година.
zenskimagazin.mk