Ковачки: Утре на прес конференција со документи ќе обелодениме дека Петровска и семејството имаат пријавено живеалиште во луксузната хациенда – Стани Славјанка дај си оставка

Славјанка Петровска и нејзиното семејство имаат пријавено живеалиште во хациендата со базен која Министерката за одбрана ја крие, напиша на својот ФБ профил Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ.

Во објавата Ковачки додава:

Утре на прес-конференција ќе обелодениме документи и докази дека Петровски се уште се во владение на луксузната хациенда со базен, која патем е дивоградба, а нејзиното бесправно градење е кривично дело.

Стани Славјанка Петровска не бегај и дај си оставка веднаш.

Лажеше дека хациендата не е твоја. Фатена си во лага. Хациендата со базен да ја подариш на здруженијата на бранители од 2001 година.

извор: ФБ Драган Ковачки