Златните рипки обично може да се најдат во домашните аквариуми кои ретко заземаат многу место. Меѓутоа, рибарот Енди Хекет успеал да улови многу поголема верзија – тешка 30 килограми.
Позната по името „Морков“ поради својата боја, таа една од најголемите на светот. Хекет ја уловил во езерото Влувотер во францускиот регион Шампања. Во езерото била оставена пред 20 години и од тогаш се покажала како многу тешка за ловење.
Хекет, од англиската грофовија Вустершир, минал 25 минути во извлекување на златната рипка.
Златните рипки или караши припаѓаат на семејството шарани, но не достигнуваат вакви големи. „Морковот“ е хибриден вид вкрстен со јапонскиот кои шаран и се верува дека е е втора најголема уловена во историјата.
„Отсекогаш знаев дека е тука некаде, но никогаш не помислив дека ќе ја уловам. Почувствував нешто големо на мамката. Кога се појави на површината видов портокалова боја. Одлично е што ја уловив, но станува збор за чиста среќа“, вели 42-годишниот Англичанец.
tocka.com.mk