Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274-б од Кривичниот законик. Во текот на 2021 и 2022 година пријавениот обезбедил банкарски податоци од платежна картичка, сопственост на лице од Скопје, по што ги употребил за вршење на 13 неовластени транскации за купување/ плаќање на разни услуги во вкупна вредност од 18.377 денари и за тој износ го оштетил сопственикот на платежната картичка.
извор:МВР