Лек за неспособноста на Данела Арсовска се единствено предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а потоа ќе формира Влада.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе може сериозно да помогне за реализација на голем број проекти за Скопје, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Наспроти тоа СДС нема концепт, ниту знае како да работи и направи проекти.
СДС ги бара ингеренциите за нивни фирми да ги земат парите. И сите проекти кои ќе ги земе владата на СДС ќе завршат како автопатот Кичево – Охрид или Клиничката болница во Штип.
6 години не можат да завршат еден проект, а за почеток на нов воопшто не станува збор.
СДС мислат на стагнација, ВМРО-ДПМНЕ на развој.
Погрешните политики на СДС мора да бидат поразени. Народот очекува проекти и работа.
извор: ВМРО ДПМНЕ