Во Хрватска просечната нето плата 1 015 евра

0
188

Просечната месечна нето-плата по вработен во Хрватска во септември изнесувала 7.623 куни (1.015 евра), што е номинално пониска за 0,7 отсто и реално три отсто пониска во споредба со истиот месец во 2021 година, објави Државниот завод за статистика на Хрватска.

Септремврската нето плата номинално е повисока за 1,4 отсто, а реално за 1,3 отсто отколку во август, пренесува Хина.

Меѓугодишниот реален пад на платите е последица на рекордната инфлација. Потрошувачките цени во Хрватска во септември пораснале за 12,3 отсто на годишна основа, а инфлацијата во септември забрза на 12,8 отсто.

Медијалната нето плата во септември изнесувала 6.5оо куни (околу 865 евра), што значи дека половина од вработените заработиле помалку, а половина повеќе од таа сума.

Во периодот јануари-септември годинава просечната месечна нето-плата во Хрватска изнесува 7.588 куни (1.010 евра), што во однос на истиот период лани е номинално повисока за седум отсто, а реално пониска за 2,3 отсто.

 

index.hr