Ковачки: Петровска и семејството се со пријавено живеалиште во луксузната хациенда на Радишанска

Интегрален текст од прес конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ…

Славјанка Петровска крие луксузна хациенда со базен во Радишани.

Петровска лажеше дека не поседува луксузна хациенда со базен. Тоа го демантиравме со евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој јасно се гледа дека таа е прибележана како сопственик на таа хациенда.

Денес ќе презентираме нови несоборливи докази, од кои е јасно дека луксузната хациенда со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство.

Ова е сметка за вода за хациендата со базен на Петровска. Како лице на кое се води водомерот на тој објект е назначен Љупчо Петровски, татко на Славјанка Петровска.

Од оваа сметка се гледа дека семејството Петровски ја користи луксузната хациенда како свое живеалиште или едно од објектите во кој тие престојуваат.

Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата која според нашите сознанија е место на живеење по лична карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста.

Петровска на последните избори гласаше на избирачкото место на кое гласаат жителите на Радишанска од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен.

Повеќе од јасно е дека хациендата е живеалиште на Петровска по документи која истите ги има во институциите.

Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба?

Петровска да не бега од одговорност. Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата Министер за одбрана. Личност која крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба не смее да извршува таква одговорна функција.

Истовремено ги повикуваме институциите да отворат постапка за Петровска. Одговорност мора да има. И политичка и кривична.

извор: ВМРО ДПМНЕ

видео: ВМРО ДПМНЕ