Лидија во седмата деценија често ги збунуваше фановите на социјалните мрежи со предизвикувачки кадри во бикини, а сега ја откри тајната на својот изглед и рутината која ја практикува уште од осмо одделение.
„Не можете да почнете да се грижите за себе на 30 години, доцна е, тоа го правам од осмо одделение, така нè научи мајка ми, таа секогаш беше дама и секогаш нè учеше на грижа и хигиена“ .
Таа неодамна сподели дека конечно пронашла маж кој може да и парира.
– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој сличен на мене, не верувам дека спротивностите се привлекуваат.
Не ми треба смирување, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој и да се обидел да ме спушти на земја, на крајот бил спуштен, многу пониско од мене – открила актерката.
Лидија Вукичевиќ ги заплени сите со својата нова слика, за која комотно може да се рече дека ѝ е најжешката досега.
Сите се чудат како актерката изгледа така како што изгледа на тие години, но таа добро се грижи за себе, и однатре и однадвор, па затоа си има добри резултати.
Познатиот пејач Жељко Самарџиќ, кој е познат романтичар, и е српскиот Владо Јаневски ѝ коментираше на Лидија неколку емотикони кои значеа дека ѝ дига раце колку добро изгледа, ѝ прати срце, ружа и детелина и браво, на што Лидија му врати со раче како мафта и уште неколку емотикони кои значеа дека е почестена од комплиментите на пејачот, што може да се види од страна на фотографијата, во коментарите.
View this post on Instagram
info7.news