(ВИДЕО) Најстариот српски навивач во Доха, Миленко има 81 година

0
373

Како што кажува Миленко има 81 година од Крагуевац, хотелиер цели 55 години. Само за натпреварите на српската репрезентација дошол во катар со двата синови и двата внука.Претходно биле во Русија и потоа дошле во Катар.

-Мене лично ми подари Бог , спорт да ми е љубов и бизнис. Сите светски и европски првенства сум ги гледал, додава Миленко.

Од Русија се одлучил да ја носи оваа носија, да биде вака облечен затоа што кога Србија играла со Шкотска, тие ги носеле нивните препознатливи носии.

-Тогаш јас за мојот 75. роденден ја купив оваа носија и било каде да ја следам Србија надвор од нашата земја, јас ја носам оваа носија. Сега имам 81 година и изјавувам јавно ако има некој постар нека се јави, додава Миленко.

 

 

 

RTV santos