Скулптурите од мраз се распространети низ целиот град. За нивна изградба се употребуваат стотици илјади кубни метри мраз и снег. Скулпторите засега нема потреба да се плашат дека уметничките дела ќе се стопат: термометарот во градот, кој се наоѓа високо на северот на Кина и има околу 5,5 милиони жители, покажува температури до минус 25 степени во текот на денот.
Харбин е познат по фестивалот на мразот, кој обично трае еден месец. Дури и пред почетокот на официјалното натпреварување, во градот пристигнале околу три милиони туристи.
DW