(ВИДЕО)Туристичка атракција во Катар, град на духови -Филм Сити

Катар е во центарот на светското внимание, бидејќи деновиве, таму се одржува Светското првенство во фудбал. Неретко се зорува за туристичките атракции, а една од нив е и необичниот град на духови во пустината и го носи името Филм Сити.

Филм Сити е изграден за потребите на снимањето на арапската серија „Еyaal Al Theeb” („Синови на волкот“) во која се говори за борбата меѓу две арапски племиња.

Градот е реинкарнација на древни арапски (бедуински) села, а се наоѓа зад кањон, потполно опкружен со сеприсутниот пустински полуостров Зекрет.

Првото прашање кое секому ќе му падне на памет кога ќе наиде на Филм Сити е да се распраша за неговата намена, затоа што очигледно е напуштен, а по првобитната намена никој не очекувал дека ќе стане туристичка атракција.

На TripAdvisor се истакнува дека реакциите на местото кое често го викаат „град на духови“ може да бидат поделени затоа што вонего нема премногу содржина. Постои една продавница, а во него живеат само управителите.

Покрај долгото возење од Доха (80 км) до него релативно лесно се доаѓа. Дивите животни во опкружувањето ги одушевуваат децата и нудат одлични можности за фотографирање.

Градот е општиен со ѕидови, има главна капија и градски ѕидини со стражарски кули на предната страна.

Посетителите можат со автомобил да застанат пред капијата и оттаму да се упатат пешки низ градот. Иако ништо не е автентично, зградите прикажуваат како можеби изгледало традиционално село во регионот, во минатото.

Се препорачува градот да се посетува пред доцна попладне, како и враќањето во Доха да се планира 1,5 час пред заоѓањето на сонцето, за да се избегне навигацијата по надолниот пат во мрак.

 

nezavisen.mk