More

    Виена прогласена за најдобар град за живеење во 2022

    АКО РАЗМИСЛУВАТЕ да се преселите во нов град, можеби ќе сакате да ги земете предвид резултатите од оваа анкета. Истражувачката компанија The Economist Intelligence Unit (EIU) годишно објавува извештај во кој ги рангира најдобрите и најлошите градови за живеење во изминатата година.

    Најдобрите градови

    Во ова истражување, градовите беа разгледани и оценети во пет категории: безбедност, култура, здравство, образование и инфраструктура. По трет пат во изминатите пет години, Виена го зазеде првото место на листата на најдобри градови за живеење. Доби максимални бодови за безбедност, здравство, образование и инфраструктура. Следуваат Копенхаген и Цирих, кој го дели местото со Калгари.

    На петтото место е уште еден канадски град Ванкувер, а во првите десет влегоа и Женева, Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн. Во извештајот се вели дека средните градови во богатите земји генерално поминале исклучително добро во истражувањето.

     

    Најлошите градови

    Заедно со најдобрите градови за живеење анализирале и кои се најлошите. Најмалку поени во нивната анализа имал Дамаск во Сирија, потоа Лагос во Нигерија и Триполи во Либија. Извештајот ги припишува нивните резултати на социјалните немири, тероризмот и конфликтите во секоја од земјите.

     

    index.hr

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    0.8 ° C
    0.8 °
    0.8 °
    44 %
    2.1kmh
    20 %
    Wed
    1 °
    Thu
    2 °
    Fri
    4 °
    Sat
    5 °
    Sun
    8 °
    spot_imgspot_img