(ВИДЕО) Единствената црква во Охрид до која се стигнува само по воден пат, Св.Богородица Захумска

0
2200

Црквата Света Богородица Захумска која меѓу местното население и пошироката јавност е позната само како Заум се наоѓа веднаш крај самиот источен брег на потегот помеѓу селата Трпејца и Љубаништа.

Се наоѓа на оддалеченост од 20 км од Охрид, на брегот на езерото, во подножјето на планината Галичица и во непосредната близина на рибарското село Трпејца[1]. Сместена е во многу тешко пристапно место под карпестиот гребен на Галичица наречен Голем Осој (висок 1005 м.н.в.) веднаш непосредно на самиот брег до водите на Охридското Езеро на надморска височина од 695 метри.

Веднаш над самата црква од исток се издигнуваат стрмни карпи, додека пред црквата во непосредна близина на запад се наоѓа и местото со најдлабоката точка на Охридското Езеро. До црквата се стигнува само по воден пат со чамец.

Во поново време за потребите на изградбата на манастирскиот конак е пробиена и пешачка патека долга околу 30ина минути која се искачува по гребенот и одејќи низ шумата се спушта до самото езеро, при што последните стотина метри мора да се пешачи во езерските води. Поради близината, црквата спаѓа во атарот на селото Трпејца, чии жители водат грижа за неа.