I. Организирање предвремени парламентарни избори најдоцна до пролет 2023 година како единствен излез од економската и политичка криза, и поддршка на Централниот Комитет на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во ставот за неприфаќање на промена на Уставот под диктат на Бугарија.
II. Итно усвојување на нашите предлози кои се однесуваат за закрепнување на економијата, стандардот и општественото живеење, а чии предлози се наоѓаат во Собрание во форма на предложени амандмански решенија за новиот буџет. Овој пакет од над 10 мерки значи интервентна поддршка на економијата со кои се бара:
1. Одложување на зголемување на даноците преку одложување на предвиденото прогресивно оданочување кое треба да започне од 1.1.2023 г.
2. Спречување на зголемување на цената на струјата за домаќинствата и бизнисот преку одложување на предвиденото зголемување на ДДВ за струја од 5 на 10%.
3. Воведување на викенд без ДДВ до крај на кризната состојба.
4. Поддршка на домашните компании преку намалување на акцизата за течни горива.
5. Парична помош на ученици од основно и средно образование од семејствата со месечни примања помали од просечна плата.
6. Субвенции за зголемување на висината на студентскиот оброк од 120 на 160 ден.
7. Реконструкција на студентските домови.
8. Набавка на нова медицинска опрема за јавните здравствени установи.
9. Зголемување на буџетот за набавка на инсулин.
10. Зголемена капитација на бодовите за матични лекари, стоматолози и гинеколози.
Сосема е јасно дека со оваа Влада, Македонија тоне!
Потребни се промени кои ќе обезбедат иднина!
Бараме сериозен пристап и сериозен одговор од власта!
vmro dpmne