Велешката полиција привела тројца кои учествувале во физичка пресметка меѓу две групи

Полициски службеници од СВР Велес вчера приведоа три лица кои учествувале во физичка пресметка меѓу две групи во Велес, информира денеска Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

-Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне во 16:40 часот ги привеле 23 годишниот М.В. и 22 годишната Е.Д., двајцата од Велес и 30 годишниот Д.К. од Струмица, поради тоа што кај место викано „Плочата“, по претходна вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале и Б.Н, С.Ј. 38-годишен и М.В., сите од Велес, посочи Ѓаковска.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: МВР