Maкедонци во Канада прават македонска ракија – започна со работа дестиларата на семејството Петровски

Дестиларата на семејството Петровски, наши иселеници од Канада, викендов ги наполни првите шишиња, дел од нивното сериско производсто на ракија од грозд, дуња и круша во Канада. Може слободно да се каже дека ова е првата семејна дестилара за македонска ракија и алкохолни напитоци со рецептури од Балканот во Северна Америка.

Идејата за своја компанија за фармерски производи со потекло од Македонија на Петровски, нашинци од Куманово кои долго време живеат и работат во Сејнт Катеринс, Канада, се роди во 2018 година. Нивната фарма со овоштарник од неколку декари е лоцирана во плодниот регион на висорамнината Нијагара меѓу езерата Ери и Онтарио во близина на големите водопади. Дестиларата е во близина на магистралата „Квин Елизабет Мери“, автопат кој води од Торонто до канадско-американскиот граничен премин недалеку од Бафало, Њујорк. Во изминатите децении во регионот започнаа со работа многу микро винарии, пивари и дестилари.

По првичните тешкотии за набавка на суровини поради КОВИД-19 пандемијата во 2020 година, неколку милионската инвестиција на ова вредно македонско семејство од Канада е на пат да се исплати, бидејќи Канада и САД се земји каде домашните, земјоделски фармерски производи, посебно оние со назнака „органик“ што значи потврдено од Администрацијата за храна и лекови дека се одгледувани без употреба на додатоци или хемиски препарати, посебно се ценат.

-Ова е наш придонес во намалување на монополите на големите компании за алкохолни напитоци. Ние сме нивна конкуренција и имаме намера да произдуваме врвни произвиди од највисок квалитет, изјави Душко Петровски, претседател на дестиларата „Петровски фемили спиритс“ во интервју за МИА.

извор: МИА