Црниот пантер наводно денес е повторно снимен и тоа во близина на Фекетиќ, а ловочуварите од „Војводинашми“ се испратени на теренот да го истражат.
Тоа на медиумите им го потврдил Немања Ивановиќ, помошник на покраинскиот секретар за земјоделство за инспекциски работи.
Како што може да се види на видеото кое го објавија српските медиуми, животното со голема брзина трча низ полињата.
„Работам во близина, го видов додека поминував и помислив дека морам да го снимам инаку никој нема да ми верува“, изјавил тракторист кој го снимил пантерот.
Намања Ивановиќ, помошникот на покраинкиот секретар за земјодество и инспекциски работи за Блиц изјавил дека се известени за снимката.
„И ние ја добивме и снимката. Моментално работиме на утврдување на нејзината автентичност, а на терен испративме и службеници од Ловечката служба. За време на претресот ќе се користат двогледи и оптички уред за термичка слика“, рече Ивановиќ.
Да потсетиме, на почетокот на месецов се појавија тврдења дека на територијата на општина Апатин е виден црн пантер, а на социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа црното животно кај Бања Јунаковиќ.
Потрагата по животното траела неколку дена, во која биле вклучени повеќе надлежни покраински служби, а при „ловот“ бил користен и дрон.
фото: PRTSC