Владо Јаневски, на социјалните мрежи, тоест неговито адиминистратор објави негова слика со која се заблагодарува на сите негови обожаватели за роденденските честитки кои му ги испратиле за неговито роденден, на 27 ноември.
Владо е сликан во природно издание, и е горд на своите години кои не ги крие и на својата седа коса. За роденденските честитки, тој наздравил со вода, бидејќи во неколку наврати има кажано дека алкохол не пие.
Инаку, биографијата на Владо вели дека е на сцената од крајот на седумдесетите години, а роден е во 1960 година, што значи дека наполнил 62 години,кои гордо ги носи.
info7.news