Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац, а веста за неговата смрт го растажи целиот Балкан кој со денови се простуваше од него, објави 4news.mk.
Песната „Соба за тага“ е омилена на многумина, а малкумина знаат дека зад овој текст се крие тажна приказна.
Имено, стиховите на овој хит наводно ги напишал маж во затвор кој издржувал казна за убиство на љубовникот на сопругата, а овие стихови и ги посветил на неа.
Текстот стигна до менаџерот на Тоше, кој му предложи на пејачот да ја сними песната, а останатото е историја.
Како што објавија медиумите, авторот на овие текстови очигледно не сакал пари за песната, туку сакал само почит на оригиналниот албум, кој го добил.