ЦУК: Активни пожари на повеќе локации

На повеќе локации вечерва се пријавени пожари. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, речиси сите се пријавени преку европскиот број 112.

Стрниште е запалено кај село Новаци кон село Стрновци, битолско. ЦУК информира дека на терен се две екипи на ТПП Битола.

Од ЦУК соопштија дека гори стрниште на влез во селото Романовце, од десна страна. Шумски пожар се движи од селото Лојане кон село Вакцинце.

Активен пожар има и кај езерото Мантово од раскрсницата 20 км, за што се известени се екипи од ТППЕ Штип.

– Горат ниви спроти селото Теново, општина Брвеница, од десна страна, пратени се екипите од ТППЕ Тетово кои интервенираат со едно ПП возило и четири пожарникари. Пожар има и кај село Ратевица. Запалена е нива, а на терен се излезени четири пожарникари со две ПП возила – соопшти ЦУК.

извор: ЦУК