Чварките во Југославија беа најевтиниот дел од свињата, а во продавници не се ни продаваа, туку се раздаа по семејни веселби и празници, пишува rts.rs за недостижните цени по кој денеска се продава овој производ.
– Тогаш важеше правилото „сиромашните“ да јадат чварки и да користат свинска маст, додека маслото беше резервирано за оние со подобри приходи. Нема веќе Југославија, нема ни евтини чварки.
Оттогаш поминаа околу 30 години. Работите целосно се свртеа. Нема веќе Југославија, 29 ноември не е празник, луѓето се отуѓија и се помалку се дружат, а денес „сиромашните“ тешко можат да си дозволат чварки.
Тие станаа деликатес! Делукс стоки! Во продавниците може да се најдат во пакувања од 100, 200, 300 грама… Чинат и до 2.600 динари (1.350 денари) за килограм. Каде и да се продаваат, поскапи се од килограм бут. И тоа, до три пати!, пренесува РТС.
Извор: rts.rs