ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 30 ноември

1894 Македонскиот револуционер Гоце Делчев, лично од Даме Груев, примен е за член на ВМРО.

1966 Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност.

1998 Избрана Владата на Република Македонија, предводена од Љубчо Георгиевски.

2001 Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.

2005 Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.

 

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија