(ВИДЕО) Возач удирил во наплатна рампа, летал 10 метри во воздух и ја преживеал несреќата

0
321

Возач на лимузина во Кина имал среќа да преживее страшна несреќа откако удрил во разделувач на патарина поради која автомобилот летал во воздух.

Инцидентот се случил на 24 ноември околу 20 часот и 20 минути и бил снимен од надзорна камера. Шокантни снимки покажуваат како лимузината забрзано се движи кон наплатната рампа Шихе на автопатот Шенгјанг-Далиан, кој минува меѓу градовите Шенјанг и Дилијан, двата најголеми града во кинеската провинција Лиаонинг.

Возачот од непозната причина со голема брзина се приближил до наплатната рампа и наместо да сврти на една од коловозните ленти, директно удрил во бетонската преграда. Заоблената форма на преградата делуваше како совршена рампа, катапултирајќи го автомобилот кон небото, најмалку 6 метри во воздухот. По летот автомобилот слета директно на покривот.

Локалните медиуми јавуваат дека противпожарните единици пристигнале на местото во 20:39 часот и констатирале дека возачот ја преживеал несреќата. Успеале лесно да го извлечат човекот од кршот. Не е јасно колку се сериозни повредите на возачот, но според видеото чудо е што тој преживеал.

Во секој случај, обликот на преградата можеби го спасил возачот, бидејќи доколку се поставеле поцврсти бетонски блокови, овој судир можел да заврши трагично.

 

vecer.mk