Евакуирани гимназијалците од „Никола Карев“, пак пријави за бомби

Попладнево се евакуирани учениците од скопската гимназија „Никола Карев“ од втората смена. Bo училиштето пристигнала закана дека е поставена бомба. Пристигната е специјална полиција, учениците и вработените се евакуирани, наставата е во прекин.

По пауза речиси од две недели, некој повторно испраќа закани за поставени бомби во скопските средни училишта. Досега заканите беа испраќани во иста смена во сите седум до девет училишта, а полициската истрага покажуваше дека станува збор за лажни пријави.

Осомничени лица за сега нема.

фото: Архива