(ФОТО) Вака изгледале првите книжни пари на територијата на Македонија

0
297

По „Балканските војни” во 1912 и 1913 година, територијата на денешна Македонија подпаднала под Кралството Србија, за по Првата Светска Војна да остане дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Токму во овој период, по 1918 година на територијата на денешна Македонија почнале да се користат и книжни печатени пари, а вака изгледала банкнотата од 1000 динари.

На неа е Свети Ѓорѓи кој ја убива ламјата, покрај него е нацртана православна црква, а со букви е испишана вредноста на банкнотата од Илјада динари.