Јужноафриканка стана македонска снаа, веќе 5 години живее во Македонија и ужива во традицијата и храната

0
60

Сипхокази Трпкоски (35) од Јужноафриканска Република веќе 5 години живее во Скопје заедно со сопругот Дарко (39).

По професија, оваа млада жена е терапевт за масажа, но во моментов е невработена. Дарко, пак, е фитнес тренер од Штип.

Иако од различни краеви на светот, Сипхокази и Дарко се запознале на крузер, каде што работеле двајцата.

Љубовта меѓу нив била неизбежна, но кога им завршиле работните договори на крузерот, морале да се разделат.

По една година врска на далечина, сфатиле дека не можат еден без друг, па се венчале во Јужна Африка. Потоа се преселиле во Македонија и тука се родил нивниот син.

Она што најмногу ме изненадува е времето овде – летата се екстремно топли, а зимата всушност не е толку студена како што очекував да биде.

Јазикот полека го учам. Претежно разбирам, но тешко ми е да одговорам на македонски.

crnobelo.mk