Царинските службеници на аеродромот во Франкфурт заплениле 2164 луксузни часовници во пратка од Кина, кои на крајот на октомври, разделени во 12 пакети, од Хонгконг преку Франкфурт требало да стигнат во Северна Македонија, соопшти вчера (01.12.2022) царинската служба во метрополата на реката Мајна, Објави DW.
Засегнати се единаесет луксузни марки под сомневање за фалсификат. Оригиналните часвници би имале вредност од 170 милиони евра.
Производителите на оригиналните часовници во меѓувреме го потврдиле сомнежот, па фалсификатите се уништени.
„Често фалсификуваните часовници на прв поглед е тешко да се разликуваат од оригиналните“, изјави портпаролка на царинската служба од Франкфурт.
Во 2021 година, според наводи на Царинската служба, во Германија биле откриени 265.086 плагијати во вредност од околу 38 милиони евра. Околу 83 проценти од сите плагијати стигнале од Кина, покренати се вкупно 8958 прекршочни постапки. Најчесто се фалсификуваат часовници, лекови, мобилни телефони, компјутерска електроника, облека, козметика и детски играчки.
извор: DW.
фото: