Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, објави дека осомничениот Сокол Халили се самоубил во присуство на полицијата откако бил пронајден од органите на прогонот
Трудницата на возраст од околу 35 години беше убиена на 30 ноември пред Клиниката за гинекологија во Приштина каде што дошла да се породи. Косовските медиуми тогаш објавија дека жената била застрелана со неколку куршуми од поранешниот сопруг, со кого имала вербална кавга непосредно пред да биде усмртена
Убиецот на бремената жена, која пред неколку дена беше убиена пред Клиниката за гинекологија во Приштина, а за кој косовските медиуми објавија оти е нејзин сопруг, се самоубил пред полицијата одбивајќи да се предаде, јави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, објави дека осомничениот Сокол Халили се самоубил во присуство на полицијата откако бил пронајден од органите на прогонот.
„По интензивната работа на сите единици, полицијата на Косово успеа да го лоцира местото каде што се наоѓа убиецот Сокол Халили. Наспроти напорите на полициските службеници да преговараат за негово предавање, убиецот изврши самоубиство. Полицијата на Косово и Полицискиот инспекторат на Косово ќе ја продолжат истрага за расветлување на сите околности на убиството на бремената жена и самоубиството на сторителот“напиша Свечла на Фејсбук.
360stepeni.mk