(ВИДЕО) Верижен судир на повеќе од 200 возила во Кина

0
233

Едно лице загинало во верижен судир на повеќе од 200 возила во кинескиот град Џенгџоу, кој се случил поради голема магла, јавуваат итните служби и државната телевизија „CTV“.

Итните служби соопштија дека повеќе од 200 возила налетале едно на друго, пренесува „Reuters“.

На фотографиите и видеоснимките поставени на социјалните мрежи може да се видат автомобили и камиони насобрани еден на друг на мостот Џенгсин Хуангхе.

Многу од повредените останале заробени во своите возила, а пожарната служба на самото место пратила 11 противпожарни возила и 66 спасувачи, јавуваат државните медиуми.

Полицијата го затворила мостот за сообраќај.