Неправедно осудено лице ќе добие обесштетување од околу 18 милиони долари

0
224

Адвокатите на Џони Хинкепи (50), лицето кое е ослободено во 2015 година откако поминало повеќе од 25 години во затвор поради убиство на турист, објавија дека постигнале договор со градот во државата Њујорк, според кој ќе му биде исплатено обесштетување од околу 18 милиони долари, известува Агенција Анадолија (АА).

Адвокатите истакнаа дека во прашање е едно од најголемите обесштетувања за погрешна пресуда во историјата на Њујорк.

Хинкепи, роден во Колумбија, бил меѓу групата момчиња обвинети дека во 1990 година го избоделе туристот од Јута, Брајан Воткинс, на платформата на станицата од подземната железница. Во тоа време тој имал 18 години и немал криминално досие, а изјавил дека под присила бил принуден лажно да признае дека извршил злосторство.

Иако го повлекол признанието, без обѕир на ослободителните докази, Хинкепи е осуден и отслужил казна затвор од 25 години, 3 месеци и 8 дена пред да му биде поништена пресудата.

Според спогодбата, градот Њујорк ќе му исплати на Хинкепи 12,8 милиони долари, а државата 4,8 милиони долари.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).