(ФОТО) Во Катар се сретна со шеикот и неговата сопруга

Џорџина Родригез пред неколку дена пристигна на Светското првенство во Катар, за да му даде поддршка на својот вереник Кристијано Роналдо, кој игра во португалската репрезентација. Таа по натпреварот на оваа репрезентација против Јужна Кореја пред два дена се сретна со катарскиот шеик и неговата сопруга, која дефинитивно е модната ѕвезда на Светското првенство.

Португалија го загуби овој натпревар со 2:1, но Џорџина тој ден ја однесе победата на социјалните мрежи. Таа на фудбалските трибини дојде во фармерки со подигнат струк и пошироки ногавици и во елегантна свилена блуза.

Со Џорџина во Катар се и децата, Кристијан Роналдо Јуниор, близнаците Ева и Матео и Алана Мартина.

Фото-колажот им се допадна на повеќе од пет милиони и 300 илјади луѓе, а потоа Џорџина во следната објава со селфи на Роналдо изјави дека португалскиот фудбалер е љубовта на нејзиниот живот.

Џорџина и децата за време на натпреварот се запознале со катарскиот шеик и неговата сопруга. Ретко кој има можност за ваква средба, односно пристап до најлуксузната ложа на стадионот. Катарскиот шеик и поранешен емир Хамад ибн Халиха ал Тани и шеикот Моза ибн Насер срдечно ги поздравија свршеницата и децата на Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodriguez News (@giolove_xo)

zenskimagazin.mk