Нова претседателка на Судскиот совет е Весна Дамева

Борбата против корупцијата, унапредување на судиите и транспарентност и отченост – топ три приоритети на новата претседателка на Судскиот Совет Весна Дамева.

По професија е правник кој целото работно искуство го стенкува како стручен соработник во скопскиот Кривичен суд. Дамева е поранешен член на правната комисија на СДСМ, но вели никогаш не била член на партијата, а на колегите од Судски Совет им порача дека за две години ќе бидат горди со нејзиниот избор.

-Злото наречено корупција мора да се сузбие и тука нема простување. Оној судија кој ќе биде корумпиран врз основа на факти и докази утврдени за него ќе биде широко отворена вратата за надвор, за излез од судството. За корумпиран судија нема да има поправен испит, нема да има втора шанса, нема да има поблага казна, едноставно ќе му биде речено не, не заслужуваш да бидеш судија. – Весна Дамева – Претседател на Судски Совет

Пред да се одлучува за нов член на советот, од учество на седницата се иззеде судијата Зоран Герасимовски кој само пет дена откако беше избран за в.д директор на Академијата за судии и јавни обвинители но останува член на Управниот одбор.

 

kanal.mk