Јужноафриканските медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на Јанеска имало оружје
Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го организиран транспортот на телото на охриѓанката Маја Јанеска која беше пронајдена мртва во Јужноафриканската Република.
Од МНР велат дека од надлежната амбасада во Каиро стапиле во контакт со надлежните органи од каде што им го потврдиле настанот.
„Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти, како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава“,
информираат денеска од МНР.
Јанеска на социјалните мрежи е позната како Маја Миа, а откако беше пронајдена мртва во Јужна Африка, тамошните медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до Јаневска имала прострелна рана и до нејзиното мртво тело имало огнено оружје.
360stepeni.mk