Заев: Честитки на мојот добар пријател Борисов за победата

Поранешниот премиер Зоран Заев по долго време се обрати преку социјалните мрежи за да му ја честита победата на неговиот поранешен колега од Бугарија, Бојко Борисов.

Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори.
Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Боико Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан, напиша Заев.

извор: ФБ Зоран Заев