1768 Објавено е првото издание на „Енциклопедија Британика“.
1897 Лондон станал првиот град во кој таксистите добивале дозволи за работа.
1917 Објавена е независноста на Финска.
1917 Во Експлозијата во Халифакс, во Канада, предизвикана од судир на бродови со муниција, загинале над 1900 луѓе и бил уништен поголем дел од градот.
1929 Во Република Турција, жените беа изедначени со мажите во поглед на правото на глас.
1941 Почна контраофанзивата на силите на Црвената армија против германските сили на фронтот пред Москва. На фронтот, широк 300 километри, беа пробиени германските линии. Нацистичките девизии беа прегазени или опколени, а подоцна разбиени.
1991 Распаѓање на СФРЈ: Во Хрватска, единиците на ЈНА го бомбардирале Дубровник по шестмесечна опсада.
2015 Во Ерменија одржан референдум, на кој народот изгласал земјата да стане парламентарна република, заменувајќи го доготашниот полупретседателски систем.
2021 Карл Нехамер станува канцелар на Австрија.