Човекот кој го застрела кучето шетач на Лејди Гага е осуден на 21 година затвор

Човекот кој го застрела кучето шетач на Лејди Гага и ги киднапираше нејзините две миленици во февруари 2021 година, осуден е на 21 година затвор за „ладнокрвен и насилен напад“.

Џејмс Хауард Џексон е еден од тројцата мажи кои учествуваа во нападот во февруари 2021 година. Фишер е тешко ранет во градите, а по пукањето напаѓачите и ги киднапирале двете миленици на Гага.

Џексон пред судот изјави дека не оспорува ниту една од обвиненијата за обид за убиство, соопшти вчера Окружното обвинителство во Лос Анџелес. „Денеска беше постигната спогодба во случајот против Џејмс Хауард Џексон“, изјави портпаролот на обвинителството.

„Г-дин Џексон рече дека не оспорува ниту една точка од обвинението за обид за убиство и го призна обвинението за нанесување тешка телесна повреда. Тој е осуден на 21 година затвор“, рече тој.

 

„Џексон одговара за извршување на ладнокрвен чин на насилство, што значи правда за нашата жртва. Окружното обвинителство е посветено да одговара секој што ќе изврши акти на насилство во нашата заедница“.

По административна грешка, Џексон беше ослободен од притвор на 6 април 2022 година, но повторно беше уапсен во август. Обвинителството соопшти дека учесникот во инцидентот, Харолд Вајт, вчера изјавил дека не го оспорува обвинението кое го обвинува за поседување оружје, поради што следната година ќе биде осуден.

 

Полицијата претходно соопшти дека врската со Лејди Гага била случајна, а мотивот за грабежот била вредноста на француските булдози, раса вредна неколку илјади долари. Гага еднаш понудила награда од 500.000 долари на тој што ќе и ги врати миленичињата.

 

index.hr