Зубин Поток — По Зубин Поток и северна Косовска Митровица, одекнуваат сирените за воздушна опасност. Медиумите јавуваат и дека одекнуваат детонации.
Најпрвин беше објавено дека членовите на изборната комисија се придружувани од т.н на косовската полиција насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, поради што граѓаните кои случајно се нашле таму се побуниле. Потоа се појави веста дека истата акција била спроведена и во северниот дел на Косовска Митровица.
Според медиумите, припадници на полицијата придружувани од членови на општинската комисија насилно влегле во просториите на општината во Зубин Поток, ги искршиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата.
Членовите на општинската изборна комисија во Северна Митровица придружувани од специјалната косовска полиција упаднаа во просториите што ги користеше ОИК за време на претходните избори, а во градот се слушаат топовски истрели и сирени, јавува Косово онлајн.
Полицијата на Косово упадна во општинската зграда во Косовска Митровица.
vesnik.com