Словенците на вчерашниот референдум се изјаснија за закон со кој се спречуваат политичките назначувања на јавната телевизија, откако медиумската клима во земјата се влоши за време на претходниот премиер Јанез Јанша. Изборната комисија ги објави резултатите, според кои повеќе од 62 отсто од гласачите дале согласност законот да стапи во сила, веројатно во почетокот на 2023 година. Неколку здруженија за одбрана на печатот, како што е Медиумската организација на Југоисточна Европа (СЕЕМО), го поздравија амандманот, кој има за цел да ја „заштити уредувачката независност“ на каналот РТВ Словенија од „политичко и сигурно уништување“.
Радио Слободна Европа