ВРЕМЕПЛОВ -Настани на денешен ден, 7 декември

0
151

43 п.н.е. Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и филозофи на Стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија.

1900 Макс Планк ги открил законите за црнотелесно зрачење.

1917 Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австроунгарија.

1941 Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД во Тихиот Океан.

1988 Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе.

1995 Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје.

2005 Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од Хашкиот трибунал, на Канарските Острови.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија