Ал Џезира поднесе тужба до Меѓународниот кривичен суд за убиството на новинарката Абу Аклех

0
178

Телевизијата Ал Џезира денес објави дека поднела тужба до Меѓународниот кривичен суд (МКС) за убиството на новинарката Ширин Абу Аклех, која беше убиена додека известуваше за израелската рација на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).

Телевизиската мрежа со седиште во Доха соопшти дека тужбата вклучува „нови докази на сведоци и видеоснимки кои јасно покажуваат дека врз Абу Аклех и нејзините колеги директно пукале израелските окупаторски сили – ИОФ“.

Абу Аклех (51), палестинско-американска новинарка, беше убиена на 11 мај, а палестинското Министерство за здравство соопшти дека била застрелана во главата додека известувала за израелската воена акција во градот Џенин на Западниот Брег.

Во септември, израелската војска соопшти дека Абу Аклех најверојатно била убиена „по грешка“ при пукањето на израелски војник.

Сепак, Ал Џезира смета дека израелското тврдење дека новинарката е убиена по грешка е „неосновано“.

„Доказите презентирани во Обвинителството, без никакво сомневање, потврдуваат дека немало пукање во областа каде што била Ширин, освен дека ИОФ пукал директно во неа“, наведуваат од Ал Џезира и додаваат:

„Доказите покажуваат дека ова намерно убиство било дел од поширока кампања со цел замолчување на Ал Џезира“.

Неколку водечки медиумски куќи, вклучувајќи ги Ал Џезира, Си-ен-ен, Асошиејтед прес, Вашингтон пост и Њујорк тајмс, спроведоа свои истраги, од кои сите на крајот заклучија дека Абу Аклех бил убиена од израелски куршум.

„Ал Џезира ја повторува својата посветеност за постигнување правда за Ширин и користење на сите средства за да се осигури дека сторителите ќе одговараат и ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, соопшти ТВ-мрежата.

извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).