Народна банка добила закана за поставена бомба, се евакуираат вработените

Во Народната банка во тек е евакуација на вработените откако утрово на електронска адреса била примена закана за поставена бомба во објектот, објави МКД.мк . Станува збор за прва закана за поставена бомба во централната банка, а во изминатиов период, ова е прва закана кон институција која не е образовна, односно изминатите недели имаше пријави за бомби во училишта.

Денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во информацијата од МВР.

извор: МКД.мк