Пристап до мрежа – ова е новата ставка во сметките за електрична енергија, која ќе се воведе од јануари догодина.
Ставката ќе биде покрај онаа за мрежарина, најави првиот регулатор Бислимовски во интервју за „Независен“. Тврди дека тоа нема да значи повисоки сметки за струја, а оваа поделба ќе придонесе за правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат мрежата и оние кои тоа го прават повремено како во викендиците. Бислимовски посочил и дека не се исклучува зголемување на цената на струјата од први јануари, но дека место за паника нема ! Што побарале енергетските компании, регулаторите ќе објават во вторник. Новата цена на струјата ќе се знае до крајот на годината.