Приведени две лица од Делчево за „перење пари“

Денеска (07.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Штип лишени се од слобода К.П.(64) и Д.П.(37), двајцата од Делчево.

Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција Скопје, а по претходно добиена наредба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје. Притоа, со извршеното кривично дело причинета е материјална штета на Буџетот на РСМ во износ од 25.502.282 денари.

К.П. и Д.П. во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

извор:МВР