(ВИДЕО) „Библиско невреме“ во Далмација – Хвар побеле од град

Силно невреме имаше во Далмација, а Хвар побеле од град.

Невремето остави наноси од мраз и до 20 сантиметри. Оваа појава не е невообичаена затоа што целиот Јадран е под влијание на циклони веќе неколку дена. Наврнаа и до 150 литри на метар квадратен. Пожарникарите добија многу повици, главно за испумпување на водата од просториите на приземјето, но без значителна штета. Кај Сплит вчера имаше силно невреме. Се очекува циклон да ја погоди Македонија викендов.

видео: FB Perica Mileta