На музичката дива Селин Дион и беше дијагностицирано ретко нарушување, SPS (Stiff Person Syndrome) синдром на вкочанета личност, што предизвикува неконтролирано стегање на мускулите.
Тешката дијагноза Селин ја сподели со јавноста во видеото кое го објави на Инстаграм.
Тоа е ретко невролошко заболување кое обично прогресивно напредува и може да доведе до вкочанетост на целото тело, а со тоа и до неподвижност на засегнатото лице.
Болеста се‘ уште е неизлечива, но напредокот може да се забави со третмани, а Селин во видеото открива дека прави се‘ што може.
Расплаканата Селин откри и дека поради болест ја откажува европската турнеја на која требаше да настапи во Загреб.
„Здраво на сите, извинете што ми требаше толку време да разговарам со вас. Многу ми недостигате и едвај чекам повторно да разговарам со вас од сцената“, им се обрати пејачката на фановите на почетокот на видеото кое расплака многумина.
View this post on Instagram
„Отсекогаш сум била како отворена книга, но до сега не бев подготвена да зборувам за ова. Неодамна ми беше дијагностицирано ретко нарушување кое погодува еден од милион луѓе во светот. Барем сега разбирам зошто имам грчеви. За жал, грчевите ми го нарушуваат секојдневието. Некогаш не можам да одам, понекогаш не можам да зборувам или да пеам. Многу ми е жал, но не ни верувам дека ќе успеам да ја започнам турнејата во февруари следната година. Работам со најдобрите лекари и спортски лекари за да си ја вратам силата и способноста за повторно да настапам, но морам да признаам дека тоа е тешка борба“, рече таа и продолжи.
„Додека сè уште учиме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека тоа беше причина за грчевите од кои страдав“, истакна таа.
„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот живот и ми отежнуваат да се движам наоколу и да не ми дозволуваат да ги користам моите гласовни способности како порано. Тешко ми е да ви кажам дека тоа значи дека нема да бидам подготвена да ја продолжам мојата европска турнеја во февруари, како што беше претходно најавено“, рече Селин.
Пејачката откри и дека за неа се грижи одличен тим лекари, кои и помагаат да закрепне, а истакна и дека има голема поддршка и помош од нејзините деца.
На крајот додаде дека сега треба да се фокусира само на своето здравје за повторно да застане на сцената и да го работи она што најмногу го сака.
„Ве сакам и се надевам дека наскоро ќе се видиме повторно“, им порача таа на обожавателите кои ја опсипуваа со пораки за поддршка и утеха во коментарите.
Селин првпат ги загрижи обожавателите во јануари кога објави дека го одложува северноамериканскиот дел од нејзината турнеја „Courage“ поради здравствени проблеми.
„Срцето ми е скршено. Јас и мојот тим работевме на подготовките за настапите во последните осум месеци и страшно ме растажува што не можам да ги одржам“, им рече тогаш таа на обожавателите.
zenskimagazin.mk