Двојазичност и во супермаркетите – производите треба да се обележани не само на македонски, туку и на албански

0
181

Производителите и трговците во трка со времето за да ги променат декларациите на стоките. Не само продавниците и маркетите во Скопје, Тетово и Гостивар, туку и оние во Пехчево, Валандово и Виница треба да ги обележат производите не само на македонски, туку и на албански јазик. Хаос предизвика одредбата во член 37 од Законот за заштита на потрошувачи. Долга е листата на документи кои треба да претрпат корекција –разни декларации, сертификати, гарантни листови, технички упатства, упатства за склопување, составување и монтажа, упатства за користење, листа на овластени сервиси и слично. Засега само мал дел од стоките имаат декларации и на албански јазик, најчесто оние од увоз од Косово и Албанија. Некои производители и трговци се жалат дека во 5 до 12 дознале за новата обврска која за нив ќе значи зголемени трошоци за промена на обележувањето и амбалажата. Не знаат ниту што ќе прават со производите кои се веќе во продажба или во магацин на залиха со веќе готови, но стари етикети и декларации, објави АЛФА.МК.

Од Државниот пазарен инспекторат смируваат. Засега само ги информираат трговците дека треба да ги променат декларациите. Затекнатите производи нема да се враќаат назад за да им се залепат нови етикети, туку ќе можат да се продаваат. Пазарниот инспекторат ќе искомуницира со надлежните институции и засеганатите страни околу тоа дали ќе има рокови до кога промените ќе треба да се направат..

извор: АЛФА.МК.

фото:АЛФА.МК.