Триесетгодишната Кристина Филипс, на која за време на операција и симнале 20 кг масни наслаги само од едната нога, денес изгледа сосема поинаку.
Кристина Филипс (30) од Мисисипи била една од најдебелите жени на планетата. На 22-годишна возраст внесувала повеќе од 7.000 калории дневно и достигнала тежина од 338 килограми.
Две години не излегувала од дома, едвај станувала од креветот, а секој пат кога ќе направела неколку чекори низ собата чувствувала дека ќе се задуши. Во еден момент, таа одлучила да го промени својот живот од корен и ослабела неверојатни 243 килограми.
Кристина се прославила со учеството во американското реално шоу во кое е претставен животот на девојките кои тежат повеќе од 200 килограми.
Вината за проблемите со својата тежина таа ја префрла на својата мајка и тогашниот сопруг, кои ѝ дозволувале да се прејадува и ѝ купувале брза храна. На крајот побарала помош од лекари кои ѝ објасниле дека толкава количина масни наслаги може да се отстранат само со операција. Меѓутоа, за да може да ја оперираат, морала да ослабе.
Нејзината трансформација започнала во 2014 година, кога лекарите ѝ направиле операција на желудникот, но тоа не било доволно, па морале хируршки да ѝ ги отстранат масните наслаги од одредени делови на телото.
Како што тогаш пишуваа американските медиуми, хирурзите ѝ отстраниле по 20 килограми маснотии од секоја нога.
По операцијата и закрепнувањето, Кристина продолжила да слабее и во следните години изгубила две третини од својата некогашна тежина. Сепак, тоа ѝ донело нови здравствени проблеми. Таа со денови одбивала да јаде, плашејќи се дека ќе ја врати тежината.
– Секогаш кога ќе видев дека иглата на вагата покажува дека сум се здебелила, престанував да јадам неколку дена. Се плашев дека повторно ќе останам заробена во куќата и дека нема да можам да живеам нормално – искрена беше Кристина.
Додека слабеела, се појавиле низа други проблеми. Немала поддршка од сопругот, постојано се расправале поради што била депресивна и имала проблеми со анксиозноста.
Парот на крај се развел, а Кристина не се откажала од својата цел.
Во меѓувреме, таа повторно се заљубила и родила два сина. За среќа, внимавала што јаде за време на бременоста за да не се здебели премногу. Денес таа е среќна и насмеана млада мајка, на социјалните мрежи прикачува фотографии со својот нов изглед и на многумина кои се борат со истиот проблем им служи како инспирација.
vesnik.com