Повредени две лица во сообраќајка на патниот правец Струга-Дебар

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга-Дебар.

Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61) од Струга и „опел“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.М.(44) од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.Т.(43) од Охрид, сопатничка во возилото „опел“, додека со телесни повреди се здобила, исто така, сопатничката од возилото „опел“ К.Б.Р.(43) од Охрид, констатирани во болницата Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

 

makfax.mk