Прегазена млада девојка во Скопје

0
247

На 08.12.2022 во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Кочо Рацин“, бул.„Кузман Јосифоски – Питу“ и Кеј „13 Ноември“, патничко возило „форд фјужн“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(63) од Скопје, удрило во С.М.(24) од Крива Паланка.

Во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

libertas.mk