Струшкото jавно обвинителство отвори предмет за лажниот доктор од Вевчани

трушкото обвинителство дополнително, по испитувањето на случајот, дошло и до други сознанија и отворило уште два предмети, против директорот на болницата во Вевчани, како и за случај со две кандидатки кои незаконски биле вработени како лекари во здравствениот дом во општината
Струшкото јавно обвинителство оформило предмет по поднесена кривична пријава против лице кое со фалсификувани документи за завршен медицински факултет и лажна лиценца од Лекарската комора успеало да се вработи во болницата во Вевчани и четири години да ги „лекува“ жители на општината.
Како што информираат од Обвинителството, лицето е пријавен за кривичните дела – фалсификување исправа од член 378, измама од член 247 и надрилекарство предвидено во член 209 од Кривичниот законик.

Пријавениот според ОЈО Струга изготвил лажни исправи – фалсификувано уверение за положени испити на факултет за медицински науки и фалсификат уверение и лиценца од Лекарската комора. Документите ги употребил како вистински и со нив во два наврати се пријавил на оглас за работно место, доктор во Јавната здравствена установа Здравствен дом – Вевчани. Првиот пат на огласот во 2016 година не бил избран, но во 2018 година бил селектриран и вработен.

„Со употреба на лажните документи пријавениот ги довел во заблуда членовите на Комисијата за селекција при вработувањето дека ги исполнува условите предвидени во Законот за здравствена заштита. По основ на договорот за вработување, во периодот од 26.11.2018 до 19.10.2022 година, а и претходно со склучени договори на дело, пријавениот извршувал работни задачи на работно место – доктор по медицина без соодветна стручна подготовка и се занимавал со лекување и давање медицинска помош. На овој начин тој го довел во ризик здравјето на пациентите, односно постојат сомненија дека сторил кривично дело – надрилекарство“,

стои во соопштението од Јавното обвинителство.

 

360stepeni.mk